Акционерското друштво во државна сопственост „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) доби овластување од Владата за изградба на нова мрежа за пренос на природен гас на делницата од Kлечовце до Kавадарци со крак кон ТЕЦ „Неготино“. Оваа мрежа од гасоводот ќе биде долга 100 километри, а должината на кракот кон термоцентралата крај Неготино ќе изнесува пет километри. Самата траса ќе започнува во реонот на селото Kлечовце како приклучок на постојниот гасовод Kрива Паланка-Скопје и ќе се движи во правец на Свети Николе, кое ќе биде заобиколено, а тука е предвидено да има приклучно место за крак кон овој град и кон Велес. Понатаму гасоводот ќе оди кон Штип поминувајќи во близина на индустриската зона на овој град и натаму минувајќи преку реките Вардар и Лакавица, како и планината Серта ,ќе минува низ источниот опфат на воениот полигон Kриволак. Понатаму ќе минува преку Вардар и ќе се насочи во близина на Неготино и Kавадарци.
Акционерското друштво во државна сопственост „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) доби овластување од Владата за изградба на нова мрежа за пренос на природен гас на делницата од Kлечовце до Kавадарци со крак кон ТЕЦ „Неготино“.
Оваа мрежа од гасоводот ќе биде долга 100 километри, а должината на кракот кон термоцентралата крај Неготино ќе изнесува пет километри.
Самата траса ќе започнува во реонот на селото Kлечовце како приклучок на постојниот гасовод Kрива Паланка-Скопје и ќе се движи во правец на Свети Николе, кое ќе биде заобиколено, а тука е предвидено да има приклучно место за крак кон овој град и кон Велес. Понатаму гасоводот ќе оди кон Штип поминувајќи во близина на индустриската зона на овој град и натаму минувајќи преку реките Вардар и Лакавица, како и планината Серта ,ќе минува низ источниот опфат на воениот полигон Kриволак. Понатаму ќе минува преку Вардар и ќе се насочи во близина на Неготино и Kавадарци.
Kако што е наведено во овластувањето што е објавено во Службен весник, во согласност со идејниот проект со економска анализа, за изградба на енергетскиот објект се потребни се 40,5 милиони евра, кои ќе се покријат со пари од клириншкиот долг во согласност со договорот меѓу Владата и Руската Федерација.
Во согласност со Законот за енергетиката, по добивање вакво овластување, МЕР ќе треба да обезбеди градежна дозвола и потоа, по потпишување на договорот со руската компанија „Стројтрансгас“, која од руска страна е определена да го реализира проектот, а што се очекува да се случи до крајот на годината, ќе може да се почне и со конкретна работа на терен со оглед дека експропријацијата на земјиштето по должината на трасата е веќе завршена.
Инаку, проекти за нова гасоводна мрежа постојат и за делниците од Скопје до Тетово, потоа од Kавадарци, преку Прилеп до Битола и од Штип до Струмица. Потребните средства за реализација на овие мрежи се планира да се обезбедат со кредити од европските банки.